More

    Во Тирана е отворена најголемата џамија на Балканот, на чие отворање присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

    spot_img

    Во Тирана е отворена најголемата џамија на Балканот, на чие отворање присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    Освен четирите минариња високи по 50 метри, новата џамија има централна купола од 30 метри и капацитет за 8.000 луѓе. Се наоѓа на парцела од 10.000 квадратни метри во близина на албанскиот парламент во чија близина се и знаменитите католички и православни катедрали.

     

    Изградбата на новата џамија почна во 2015, а околу 30 милиони евра се од турската државна муслиманска организација Дијанет. Џамијата е довршена пред повеќе од една година, но отворањето беше одложено поради загриженоста на Ердоган од влијанието на организацијата ФЕТО, која Турција ја смета за терористичка.

    Според договорите постигнати со локалната албанска муслиманска заедница, турската организација Дијанет ќе има претставник во управниот одбор на џамијата.

     

    Сунитските муслимани сочинуваат речиси 46% од населението на Албанија, а муслиманите бекташи уште 5%о. Католици има 8%, а православни 7%, според пописот од 2023 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img