Во Тетово неколку случаи на семејно насилство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Неколку случаи на семејно насилство се регистрирани од страна на тетовската полиција во текот на вчерашниот ден.

Прво во 19:40 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 52-годишниот тетовец Ф.С. кој бил пријавен од неговата 20-годишна ќерка и малолетната сестра дека физички ги нападнал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

29-годишен тетовец, пак, околу 20 часот пријавил дека дента околу 13 часот во семејниот дом физички бил нападнат од мајката на неговата сопруга, на што му претходела нивна расправија.

Ноќеска околу 1.45 часот полициски службеници на СВР Тетово го уапсиле 50-годишниот тетовец Р.Д., кој претходно бил пријавен од неговата 40-годишната сопруга дека се однесувал агресивно кон неа и дека и се заканувал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово.

Share This Article