Во текот на изминативе 24 часа од Газа се евакуирани и последните тројца македонски граѓани, мајка сo две деца, кои претходно по сопствен избор останаа во Газа, информира МНР.
По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатено кон Македонија.
Со тоа се евакуирани сите наши граѓани кои стапија во контакт со нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив и побараа да им се обезбеди асистенција при евакуацијата, информира МНР.
При трансферот на нашите државјани од египетскиот главен град Каиро до Скопје МНР добила помош од канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ).
ВО соопштението МНР потсетува на контакт-телефоните за пријава на евентуални наши државјани во Газа:
СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736,
дежурен телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378
дежурен телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542
Фото: Архива