More

    Во текот на август пријавени се осум случаи на ХИВ/СИДА, од кои три лица се странски државјани со привремен престој во Македонија

    spot_img

    Во текот на август пријавени се осум случаи на ХИВ/СИДА, од кои три лица се странски државјани со привремен престој во Македонија, покажува месечниот билтен на Институтот за јавно здравје. Со тоа, годинава пријавени се вкупно 34 нови случаи на зараза со ХИВ/СИДА.
    Четири лица се од Скопје (вклучително и странските државјани), две лица од Охрид и по едно лице од Гостивар и Струга. Лицата се на возраст од 21-55 години. Шест од регистрираните лица се хетеросексуалци, додека две лица се заболени од сексуален контакт маж со маж, пишува во извештајот.
    Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.08.2023), број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 620, и тоа: 123 лица починале, 497 лица живеат со ХИВ/СИДА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img