Во тек е голема спасувачка акција на патот Скопје-Приштина откако по сообраќајна несреќа три лица се исчезнати, а едно спасено откако возило излета во реката Лепенец, информираат извори на МВР за Плусинфо.
„Денеска околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв“ покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага“, велат за Плусинфо од МВР.
Од министерството за внатрешни работи нѐ информираа дека на местото на несреќата се пратени екипи од Одделот за специјални полициски операции да трагаат по трите исчезнати лица.