More

    Во Србија цената на струјата за домаќинствата и стопанството од јануари следната година најверојатно ќе биде повисока за 10 отсто

    spot_img

    Во Србија цената на струјата за домаќинствата и стопанството од јануари следната година најверојатно ќе биде повисока за 10 отсто, објави „Новости“.

    Наместо сегашните 95, стопанствениците за струја ќе плаќаат по 105 евра за мегават час, додека граѓаните ќе плаќаат околу 41 евро за мегават час струја, без даноци и такси за мрежа, пишува „Новости“.

    Од Синдикатот на работодавачи на Србија посочуваат дека поскапувањето на струјата ќе ги оптоварува нашите бизнисмени кои од новата година ќе имаат нови трошоци поради покачувањето на платите, како и поради повисоките цени на суровините кои главно се увезуваат . Српската стопанска комора смета дека е значајно што поскапувањето е ограничено и дека и понатаму ќе бидеме меѓу земјите со најниска цена на струјата во Европа, пишува белградскиот весник.

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на крајот на минатата недела изјави дека е можно да се зголеми цената на струјата, а кога тоа ќе се случи, таа да се движи меѓу осум и десет проценти.

    Поскапувањето на почетокот на месецов го најави министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ, која рече дека цената на струјата и гасот мора да бидат на дневен ред „и порано отколку подоцна“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img