Во Србија стапи во сила регулативата за регистрација на лесни електрични возила – скутери, а сопствениците на електрични тротинети од 5 април до 15 јуни да ја завршат регистрацијата по што ќе почне контролата, изјави директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот Мирко Коковиќ.
Со правилникот се утврдува начинот на издавање, водењето евиденција, изгледот и начинот на ставање налепници.
За да се добие налепница, потребна е техничка документација од која може да се одреди марката на самиот скутер, максималната номинална моќност на електромоторот што го придвижува, а потоа брзината која не смее да надмине 25 километри на час, како и масата на празно возило.
Од 15 јуни во сообраќај ќе можат да учествуваат само лесни електрични возила со валидна регистрација.