За влез во угостителските објекти од денеска не се потребни пропусници за Ковид, а бројот на луѓе веќе не е ограничен во затворените простории.Така беше одлучено на седницата на Кризниот штаб во четвртокот.
Препораката за носење маски во затворен простор останува. Ограничувањето на бројот на луѓе на собири во затворен простор се укинува.
Србија сè уште има повеќе од 2.000 нови инфекции на дневна основа, а вчера беше објавено дека се регистрирани 2.230 нови случаи.
Да потсетиме, пропусниците за ковид беа воведени на 23 октомври минатата година и прво важеа по 22 часот, а со зголемувањето на бројот на новозаразени, нивната важност беше продолжена, па се применуваа од 20 часот. Лекарите кои се членови на Кризниот штаб бараа пропусниците да важат 24 часа, но тој предлог никогаш не беше прифатен.