Во Србија од денеска е забранета употребата на 113 препарати за заштита на растенијата, што е дел од усогласувањето со прописите во рамките на Европската унија, јави Радио-телевизија на Србија.
Препаратите се повлечени бидејќи содржат 17 активни супстанци кои неодамна беа забранети во Европската унија, а кои од денеска веќе не можат да се користат ниту во Србија, бидејќи домашната регулатива е речиси целосно усогласена со европската.
Списокот на забранети препарати се наоѓа на веб-страницата на Министерството за земјоделство, а директорот на Управата за заштита на растенијата Небојша Милосављевиќ за РТС изјави дека тие биле забранети пред 18 месеци, а дека сега е периодот во кој може да се користат, т.е. залихите, беа истечени.
Тој посочи дека преостанатото количество залихи треба да се одложи согласно законот, односно да се предаде на оној кој е задолжен за собирање на тој отпад, кој потоа преминува на безбедно уништување.
За четири години се забранети 50 активни супстанции, а предвидени се и казни за нивна употреба.