На средбата присуствуваат премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, лидертот на ДУИ Али Ахмети, првиот човек на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, лидерите од Европскиот сојуз за промена Изет Меџити, Билал Касами, Африм Гаши, на НСДП Горан Мисовски, на ДОМ Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.
Првите луѓе на партиите се очекува да го договорат датумот за претседателските и парламентарните избори, а извесно е дека тие ќе се одржат во мај. Тие во јавните изјави веќе изразија согласност дека изборите би можеле да се одржат тогаш.
Евентуален втор круг од претседателските избори и парламентарните избори најверојатно ќе се одржат на 8 мај. Првиот круг од претседателските избори во тој случај би бил на 24 април.
фото: МИА