Нов топлотен бран ја зафати Словенија. Живата во текот на денот во нашите региони ќе се движи од 30 до 35 степени, прогнозира Агенцијата за животна средина. Многу жешко ќе биде и во Хрватска: во Далмација медиумите пишуваат за „доаѓањето на Луцифер“. Слично како нас и Хрватите имаат освежување во четврток.
Ќе биде се потопло, денеска температурите ќе се движат меѓу 30 и 35 Целзиусови степени, но посвежо нема да биде ниту утре ниту во среда, прогнозира Агенцијата за животна средина на РС (Арсо).
Над нашите места во вторник ќе има најтопла воздушна маса, а во среда веќе ќе се зголеми можноста за топлотно невреме. Четврток ќе биде поразновиден, со чести врнежи и невреме, а студениот фронт во петок навечер ќе ни донесе краткорочно освежување.
Во меѓувреме и Далмација се бори со топлотниот бран кој започна кон крајот на минатата недела. Жештините деновиве ќе бидат уште поизразени и тоа не само на Јадранот, јавува ХРТ.
Веќе утрово се измерени 26,8 степени во Дубровник каде и ноќе температурата не се спушти под 20 степени.
Со вака високи температури, многумина бараат освежување во морето кое моментално е меѓу 23 и 25 Целзиусови степени, па сепак нуди одредено олеснување.Во Хрватска врвот на топлотниот бран се очекува кон средината на неделата, локалните температури може да се искачат до 40 Целзиусови степени. Ќе се освежат и во втората половина од неделата. Локално изразени врнежи ќе почнат да се формираат на запад од земјава во четврток навечер, а во текот на денот се очекува дожд да зафати поголем дел од Хрватска, па горештините малку ќе попуштат.
Заради високите температури, Слободна Далмација дури пишува за „Луцифер над Далмација“. Најавеното освежување најмалку ќе го погоди овој дел од Хрватска, па нема да почувствуваат вистинско олеснување.
Истовремено, далматинскиот портал нагласува дека во овие топли денови потребно е да се следат советите на стручњаците и да се остане ладен или под сенка и да се пијат доволно течности. Секако, да не ги заборавиме и нашите крзнени пријатели, кои се исто толку жешки.