Во Скопје ќе се одржи светски турнир, влезот е бесплатен

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Скопје е домаќин на „Youth Star Contender“ турнирот во пинг-понг, кој е еден од највисоко рангираните турнири во младинска конкуренција за играчи од цел свет.

Турнирот ќе се одржи во периодот од 7-11 септември 2022 година во СЦ Борис Трајковски.

На турнирот ќе земат учество околу 120 најдобри светски играчи, а нашата репрезентација ќе биде рамо до рамо со едни од најдобро рангираните играчи во светот кои доаѓаат од следните држави: Австрија, Белгија, Германија, Франција, Кина, Јапонија, Кинески Тајпеј, Бугарија, Хрватска, Колумбија, Англија, Грција, Унгарија, Индија, Ирска, Израел, Италија, Мексико, Полска, Португалија, Норвешка, Кореа, Словачка, Шпанија, Шведска, Тајланд, Порторико.

Наши играчи што ќе настапат се: Александар Јакимовски и Стојчев Лука во категорија У15 момчиња поединечно и двојки, Фани Јовановска и Изабела Ковачовска во категорија У15 женски поединечно и двојки, Ана Стојановска и Катерија Лаура Михајлов во категорија У19 женски поединечно и двојки. Во категорија У15 мешани двојки исто така ќе настапат Александар Јакимовски, Стојчев Лука, Фани Јовановска и Изабела Ковачовска.

Влезот во салата секој ден за времетраење на турнирот е слободен.

Share This Article