More

    Во Шпанија беше разбиена мрежа која ги експлоатираше украинските бегалци за производтсво на цигари

    spot_img

    Шпанската полиција во неделата објави дека разбила мрежа која управувала со три фабрики за тутун во кои биле вработени Украинци кои избегале во Шпанија по руската инвазија и живееле преполни во монтажни фабрички згради.Тие беа обвинети за шверц на „големи количества“ тутун, кои се користеа за правење фалсификувани цигари, кои потоа се продаваа низ Шпанија и во соседните земји, објави Цивилната гарда во соопштението за медиумите.

    Во рамките на истрагата спроведена со помош на Европол, во Шпанија се уапсени 27 лица и запленети се десет тони листови тутун и околу три ипол милиони кутии цигари во вредност од 37,5 милиони евра.Сите три фабрики, лоцирани во винскиот регион Ла Риоха на северот од земјата, јужниот регион Севиља и Валенсија на истокот од земјата, беа опремени со машини „со напредна технологија“, што им овозможи да произведат 540.000 пакувања цигари дневно.

    Мрежата вработувала Украинци кои дошле во Шпанија илегално или како баратели на азил по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

    Живееле во фабрики, набиени во монтажни објекти и не можеле да ги напуштат овие објекти без да бидат забележани, поради што работеле повеќе од дозволеното, се вели во соопштението.

    Водачите на криминалната мрежа „переле големи суми пари“ и благодарение на тоа воделе „луксузен живот“ во познатото шпанско туристичко место Марбела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img