Во сезоната на скијање осигурајте се од повреди и останати ризици

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најдобро е уште додека се планира одењето на планина или во некој од зимските скијачки центри да се обезбеди и осигурување кое обезбедува покритие за зимските спортови, како што е осигурувањето од дополнителни ризици од спортска незгода и “Ски-пакетот“.

Сезоната на зимски спортови е во полн ек. Но, зимските спортови на отворено, како што се скијање, сноуборд , ски скокање, хокеј, санкање, боб санкањe и ски тркање иако се мошне атрактивни и забавни, треба да се води сметка дека секогаш носат и одредени ризици од повреди.

Незгодите не можат да се предвидат, но преку соодветни пакети за осигурување секој може да се заштити од непредвидени трошоци кои произлегуваат од ваквите незгоди, велат од СН “Осигурителен Брокер“ – АД Битола.

Кај зимските спортови секогаш постојат и ризици од повреди од типот на исчашувања, повреди или скршеници. Тоа секако натаму ќе предизвика и соодветни трошоци. Затоа, најдобро е уште додека се планира одењето на планина или во некој од зимските скијачки центри да се обезбеди и осигурување кое обезбедува покритие за зимските спортови, како што е осигурувањето од дополнителни ризици од спортска незгода и “Ски-пакетот“. Со дополнителното осигурување од спортска незгода се осигуруваат спортисти за време на учество на подготвки, тренинзи и натпревари, што се одржуваат во странство, во организација на спортски здруженија и други правни лица регистрирани за спортска дејност. Под спортска незгода се смета секоја незгода настаната при спортување на осигуреникот за време на подготовки, тренинзи или натпревари и има за последица телесна повреда односно нарушување на здравјето на осигуреникот што бара лекарска помош или смрт на осигуреникот.

-Ски пакетот има покритие за сите зимски спортови скијање, хокеј, санкање, боб санкање, ски тркање, ски скокање и сноуборд и доколку со истите се занимавате исклучиво аматерски. Со овие два дополнителени пакети се опфатени сите ризиците кога одите на зимување.“-велат од компанијата, објаснувајќи дека ваквите пакети се потребни бидејќи патничкото осигурување само по себе не носи покритие за повреди настанати при дополнителни ризици, како што е скијањето и затоа е потребно да се направи полиса со вклучени ризици спортска незгода и ски пакет.

Ски пакетот ги опфаќа и ризиците од затворање на терените, како и настанување лавина или слегнување на земјиштето. Притоа, се надоместуваат екстра трошоци за транспорт и сместување ако настане лавина или слегнување на земјиште на местото на зимување, при што пристигнувањето до местото на зимување е со задоцнување од повеќе од 12 часа, појаснуваат од СН Осигурителен Брокер.

Заштитата со овој пакет оди и чекор понатаму со тоа што опфаќа и изнајмување на ски опрема во случај на доцнење, губење или кражба на ски-опрема, односно скии, чевли, штеки или скиборд, при транспорт до 200 евра.

-Со овај пакет се надоместува за секој ден изнајмување на ски опрема и доколку и сопствената опрема е привремено изгубена при пристигнување до местото на зимување повеќе од 12 часа, или ако при патувањето истата е изгубена или украдена. Исто така се надоместуваат трошоците за неискористениот дел од ски часовите, во што спаѓаат трошоците за изнајмување на скии, ски лекции и ски карта, ако настапи болест или повреда додека осигуреникот е на зимување. Во овај пакет се надоместуваат за секој ден екстра трошоци за транспорт и карти за жичари до најблискиот скијачки центар ако осигуреникот не бил во можност да скија поради лоши временски услови, велат од компанијата, додавајќи дека подетални информации можат да се добијат на веб страната http://www.snbroker.mk или на телефонскиот број 15 770.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article