Во Саудиска Арабија се одржа првото женско автомобилско рели

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Саудиска Арабија се одржа првото женско автомобилско рели. „Дојче веле“ по тој повод ги претставува Сажа и Елхам – две од тркачките со автомобил. Двете пријателки како тим се подготвуваа за релито со италијанската инструкторка Јоли.

Рано утрото, пред 6 часот, вчера Сонцето изгреа над градот Хаил, во северниот дел на земјата. Тука се одржа женската трка. На големиот паркинг се собраа 70 жени со нивните автомобили.

– Трката е нешто ново за нас. Сега ни е дозволено да возиме, но пустината ни е како двор. Честопати сме возеле овде и сме се забавувале, но сега сме возбудени бидејќи првпат официјално учествуваме на ваков настан – изјави 34-годишната Сажа.

И 32-годишната Елхам седи зад воланот.

– И двете дефинитивно имаат страст и желба. Проблемот е што поради топлото време не може да се одржуваат тренинзи цела година – нема доволно патеки, како во Италија. И, предизвиците се повеќе. Предност е што тука ја има најубавата пустина на светот – вели инструкторката.

Трасата минува низ Руб Ал-Кали, најголемата песочна пустина во светот. А Сажа и Елхам својата прва трка ја завршија на шестото место.

Денес осамнува нова ера. До 2018 година, Саудиска Арабија беше единствената земја во светот каде што на жените не им беше дозволено да возат. Тогаш се случува пресврт во политиката … Целосно машкото владеење во земјата, на чело со принцот Мохамед Бин Салман, сега ја претставува визијата за повеќе права и слобода за жените.

Share This Article