Во Санкт Петербург маж нападнал луѓе со нож во супермаркет, има повредени, соопшти Националната гарда на Русија.
Напаѓачот бил разоружан, но чуварот и некои потрошувачи биле повредени, пишува РИА Новости.
Како што се додава, повредени се 4 лица кои се хоспитаизирани, а уапсен е 44-годишен локален жител.
Се очекува наскоро да пристигнат повеќе информации за нападот.