More

    Во САД се расплетува морбидно убиство

    spot_img

    Морбиден случај го добива својот расплет во Пенсилванија во САД. Родители ја измачувале својата 12-годишна ќерка до смрт, а пред таа да почине се јавиле на брзата помош тврдејќи дека таа се удрила во дрво со својот велосипед. Девојчето, Малинда Хогланд, кое тежело само 22 килорами починало само неколку часа подоцна.

    Вработените во болницата биле шокирани од нејзината состојба кога Малинда била донесена. На телото имала големи модринки, неколку скршеници, а пронајдено било оштетување на црниот дроб. Само два дена подоцна, родителите на Малинда биле обвинети за нејзината смрт.

    Според „Дејли Мејл“, профилот на Малинда исчезнал од Фејсбук во април додека парот продолжил да објавува слики од својот деветгодишен син, за кој полицијата вели дека не бил малтретиран.

    На последните слики од Малинда таа изгледа изнемоштено додека покажува нешто што изгледа како божиќен подарок. На една слика нејзината рака изгледа како да е во модринки.

    Полицијата вели дека Малинда била однесена од училиште во декември и дека родителите често ја врзувале за мебел во подрумот. Избришаните видеа пронајдени на електронските уреди на парот, наводно, го покажуваат степенот на злоставувањето што го претрпела девојката.

    Некои од видеата, од системот на домашна камера, ја прикажуваа Малинда врзана со лисици на мебелот.

    На други снимки, наводно, се гледа како Малинда била принудена да спие на подот, додека била врзана со синџири, без перница или ќебе, а родителите ѝ велат да не очекува појадок, ручек или вечера.

    Мајката на Малинда, Синди, уште во 2009 година се изјасни виновна затоа што не го спречила нејзиниот поранешен сопруг да го претепа нивниот тригодишен син Исаја. Порнашениот сопруг на Синди е осуден на седум години затвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img