Во САД сè ќе поскапи ако Трамп ги воведе најавените царини

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Никој нема да победи во трговска војна или војна со тарифи, одговори портпаролот на кинеската амбасада во САД на најавите дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе воведе царини од 25% за Кина, Канада и за Мексико и дополнителни 10% за увоз на стоки од Кина, пишува Њузвик.

Лиу Пенгју на Икс напиша дека трговската соработка меѓу Кина и САД е заемно корисна. Тој го коментираше и фактот дека Трамп преку царините сака да се бори со нелегалната трговија на дрога и фентанил велејќи дека Кина и САД редовно комуницираат за ова прашање.

„Сите овие нешта докажуваат дека идејата Кина свесно да дозволи проток на материјали за (опојната дрога) фентанил во Соединетите држави е целосно спротивна на фактите и на реалноста“.

Царините кои ги предлага Трамп се обврска не за државите туку директно за компаниите кои извезуваат во САД.

Тарифите, доколку се применат, би можеле драматично да ги зголемат цените за американските потрошувачи на сè, од гас до автомобили до земјоделски производи. Соединетите Американски Држави се најголемиот увозник на стоки во светот, а Мексико, Кина и Канада им се трите најголеми добавувачи.

Доколку се зголемат инфлациските притисоци, Федералните резерви во САД можеби ќе треба да ги задржат своите референтни каматни стапки повисоки.

Ова е предизвика за економиите на Мексико и Канада. Најавата, пак, за тарифи за германската автомобилска индустрија ги зголеми стравувањата во Европската Унија од трговска војна со САД. Еврото e на најниско ниво во однос на доларот во последните две години.

– Трговската војна со САД е последното нешто што ѝ треба на Европа во моментов со веќе слаб  – рече Ли Хардман, висок валутен аналитичар во MUFG.

Тој објасни дека откако Трамп победи на изброите во САД, инвеститорите во ЕУ се обложуваат дека неговите царини ќе го погодат растот на ЕУ и ќе ја поттикнат Европската централна банка поагресивно да ги намали каматните стапки.

- Advertisement -
Ad image

Канадскиот долар остро ослабна на девизните пазари веднаш по објавата на Трамп.

Од друга страна, индексот на американскиот долар, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата седмица се зголеми за 0,8 отсто, на 107,49 поени, и тоа е највисоко ниво за повеќе од една година.

Трамп беше познат по неговите трговски војни и во неговиот прв мандат од 2017 до 2021 година. Тогаш, многу земји одговорија на царините на САД со свои царини. Канада, на пример, објави милијарди нови давачки во 2018 година против САД, како одговор на новите даноци за канадскиот челик и алуминиум.

- Advertisement -
Ad image

Нејасно е дали Трамп навистина ќе продолжи со заканите или ги користи како преговарачка тактика пред да се врати во Белата куќа во новата година.

Кандидатот на Трамп за министер за финансии, Скот Бесент, кој доколку биде потврден, ќе биде еден од неколкуте функционери одговорни за наметнување тарифи на други земји, во неколку наврати рече дека тарифите се средство за преговори.

Share This Article