Во сабота, на 22 Јуни, во селото Белчишта, општина Дебрца, во 20.00 часот, свечено ќе биде отворена 39-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “.
Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, е посветена на делата и авторите на уметниците кои твореа во текот на изминатата колонија.
Свеченоста, ќе се одржи во уметничката галерија која е отворена во 1985 година а обновена во 2005 година, и истата е реновирана изминатата година со што се створени подобри услови за работа. На интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, годинава ќе творат 11 ликовни уметници и тоа : Маестро Јордан Манасиески – Охрид, Лара Ташковска – Скопје, Андреј Антевски – Куманово, Славица Танеска – Охрид, Емел Махмуд – Охрид, Странски автори :Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли ( монголскиот конзул), Јованка Беквалац – Србија, Нада Грбиќ – Србија, Мирослав Мича Круниќ – Србија, Славка Ната Радуловиќ – Црна Гора и Драгољуб Пејовиќ – Црна Гора.
Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ што завршува на 30 ти овој месец, има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.
Оваа културна лулка на децениско предание е подржана од визионерски тим кој се состои од реномирани уметници, поддржувачи на уметноста и страсни креативци кои се залагаат за издигнување на веќе отпочнатато дело. Претходната година беше малку поразлична, бидејќи недостасуваше еден креативист, професор, кој со огромна верба го преточуваше во производ секое свое мечтаење и ја ширење со ентузијазам уметничката традиција на својот роден крај, Ѓорѓија Целески. Но неговиот 38 годишен труд остана да го негува член на неговото семејство, неговата внука, архитект Мартина Целеска, председател на здружението, додека за председател на Управниот одбор на здружението го назначи г-дин Павел Попоски.
Во 2023 чувствувајќи го неговиот дух кој ги озвучува ѕидовите на галеријата и спомнувајќи го неговото дело, преку дружба, се реализира една успешна година со извонредни дела.