Корисниците на Фејсбук во Русија пријавија потешкотии при логирање на социјалната мрежа во четвртокот вечерта, објавија Downdetector и Globalcheck.
Освен на Фејсбук, генерално е ограничен пристапот до страницата на БиБиСи, а до страницата на Дојче веле воопшто не може да се пристапи.
Жителите во некои руски региони пријавија проблеми при пристапот до веб-страницата на Радио Свобода.
Globalcheck објави дека и App Store и Play Store на Google се блокирани во Русија.
 
							 
								 
			

 


 
                                
                             















 
		 
		 
		 
		 
		 
		







 
		 
		 
		 
		