Во Риека исчезнаа десет 17-годишни ракометари од Бурунди кои се учесници на Светското првенство во ракомет за кадети, кое од 2 до 13 август се одржува во повеќе хрватски градови, меѓу кои и во Риека, пишуваат хрватските медиуми,
„Според досегашните информации, станува збор за десет млади момчиња родени 2006 година, кои вчера околу три часот се оддалечиле во непознат правец од просторот на студентскиот центар во Риека, каде што биле сместени додека трае првенството“, соопшти полицијата.
Оттаму додаваат дека не одговараат на ничии телефонски повици и дека „се преземаат мерки и дејствија за пронаоѓање на исчезнатите лица“, како и утврдување на сите релевантни факти и околности за нивното исчезнување.