Пратка од 260 килограми кокаин е запленета во пристаништето Копар, јавија словенечките медиуми.
Дрогата која на пазарот вреди околу 10 милиони евра е пронајдена на брод со соја од Јужна Америка.
Чуварите забележале дека нешто не е во ред додека двајца нуркачи се обиделе да извлечат пет големи вреќи од резервоарот за вода со баласт. Двајцата се симнаа по реката Рижана со подводен скутер за нуркање.
Откако биле забележани, уапсени се државјаните на Бразил и Албанија, јавија словенечките медиуми.
Словенечката полиција најави дека по овој повод ќе се огласи.