Во примитивното племе во амазонската прашума владее матријархатот. Таму живеат 3.000 жени и само 7 мажи, а иако некои би помислиле дека овие мажи живеат во рајот, реалноста за нив е повеќе како пекол на земјата.
Жените таму контролираат сè, вклучително и мажите. Во споменатото племе концептот на брак не постои, тие се менуваат со мажи за да „доведат сѐ во ред“. Меѓу тие седум херои има и еден старец и едно 13-годишно момче, а останатите се деца. Бидејќи репродукцијата им стана многу тешко од горенаведените причини, жените стануваат сè понемилосрдни.
Тие особено ги ценат мажите со голем задник и стомак бидејќи веруваат дека таквите „примероци“ имаат подобри гени и можат поефикасно да се размножуваат. Единствената задача на мажите во племето е да прават деца, не смеат да прават ништо друго. Жените ги третираат како деца и се многу разгалени, а децата во тоа племе им припаѓаат на жените.
Токму поради многу честите интимни барања, мажите од ова племе не живеат долго. Многу брзо слабеат, а често се плашат и од жените, па спијат на дрвја за да си го спасат животот. Жените, пак, ги хранат со бели црви за да останат активни, а како симбол на љубов и изразување на сопственост, му врзуваат ленти околу рацете на мажот. Тоа значи дека за тој ден поседуваат одреден човек од племето.
За ова племе се пишуваше и порано, но сега повторно стана актуелно благодарение на видеата на TikTok, па сè повеќе луѓе го откриваат.