Најмалку 113 лица загинаа, а 150 се повредени во пожар што избувна на свадба во северен Ирак.
Стотици луѓе беа на венчавка во Ал-Хамданија, провинцијата Ниневија, кога во синоќа избувна пожар и го зафати местото каде се одржуваше прославата, јавија агенциите.
Заменик-гувернерот на Ниневија Хасан ал-Алак изјави дека досега е потврдена смртта на 113 лица.
Причината за пожарот уште не е утврдена, но првичните информации укажуваат дека пожарот настанал по палењето на огнометот.
Првичните извештаи на ирачките медиуми изјавија дека и невестата и младоженецот загинале во пожарот, но новинската агенција Нина подоцна објави дека тие преживеале, но се лекуваат од изгореници.
„Пожарот доведе до уривање на делови од салата за славење, бидејќи салата беше изградена од многу запаливи, евтини градежни материјали, кои се урнаа за неколку минути по пожарот“, соопшти ирачката управа за цивилна одбрана.
Државната новинска агенција ИНА наведува дека најмалку 100 лица загинале, а 150 лица се повредени.
Сите повредени се префрлени во болниците низ провинцијата, изјави гувернерот за ИНА и предупреди дека бројот на загинати и повредени не е поправен и може да се зголеми.