Во потрага по преживеани во Турција, спасувачите меѓу урнатините пронашле торба во која било скриено вистинско богатство, два милиони долари пари и накит

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во потрага по преживеани во Турција, спасувачите меѓу урнатините пронашле торба во која било скриено вистинско богатство, два милиони долари пари и накит.

Имено, спасувачите копајќи низ урнатините во Газиантеп пронашле торба во која имало банкноти и накит.

Се појави и видео на кое се гледа како спасувачите бројат големи суми пари. И откако ги преброиле, сето тоа го предале на полиција.

Надлежните најавија дека целиот накит и пари, доколку сопствениците нема да бидат најдени, ќе бидат префрлени во Државната каса.

 

 

Да потсетиме, повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресот што на 6 февруари ги погоди Турција и Сирија, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сѐ уште се водат за исчезнати.

Според последните податоци, во Турција загинале 39.672 лица, а во соседна Сирија повеќе од 5.800.

Турските спасувачки тимови денеска продолжија да ги пребаруваат урнатините, иако шансите да се најдат преживеани се мали.

- Advertisement -
Ad image

Експертите велат дека најголемиот број преживеани ќе бидат спасени во рок од 24 часа по земјотресот.

Share This Article