Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 223 тестови, а регистрирани се 34 нови случаи на ковид-19: Скопје– 26, Битола и Прилеп– по 2, Куманово, Охрид, Неготино и Свети Николе – по 1.
„Од вкупниот број на позитивни (34), регистрирани се 8 реинфекции. Регистрирани сe 264 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Охрид – 46, Делчево – 29, Куманово – 19, Битола – 10, Кавадарци и Струга – по 8, Кочани – 7, Прилеп, Тетово и Велес – по 6, Струмица, Крива Паланка и Пехчево – по 5, Берово, Валандово, Виница и Кратово – по 4, Дебар – 3, Штип, Гевгелија и Македонски Брод – по 2, Неготино, Свети Николе, Гостивар, Кичево, Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран – по 1. Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се 3 починати лица, по едно лице од Скопје, Крушево и Дебар, на возраст од 79-89. Од нив две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови. Пријавените се починати во период од 10-29.08.2022. Досега во земјата се направени вкупно 2.156.878 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.404, бројот на оздравени пациенти е 330.866, на починати е 9.506, а бројот на активни случаи изнесува 1.032“, наведено е во извештајот.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)