Паузата во борбите меѓу Израел и Хамас денеска влезе во последните 24 часа, а милитантната палестинска група вели дека е подготвена да го продолжи примирјето, пренесува Ројтерс.
Паузата што започна во петокот резултираше со ослободување на десетици заложници заробени од Хамас, а за возврат Израел ослободи повеќе од 100 Палестинци од затвор.
Според договорот за прекин на огнот, за четири дена требаше да бидат ослободени 50 заложници кои ги држат милитантите во замена за 150 палестински затвореници.
Американскиот претседател Џозеф Бајден во неделата изјави дека се надева дека ќе го продолжи примирјето, за да може да се ослободат што е можно повеќе заложници и да се достави хуманитарна помош.
Според Ројтерс, Хамас исто така изразил подготвеност да го продолжи примирјето.