More

    Во Португалија моментално има повеќе од 100 пожари, а најмалку 7 лица загинаа во Авеиро и Визеу, меѓу кои и пожарникари и цивили

    spot_img

    Во Португалија моментално има повеќе од 100 пожари, а најмалку 7 лица загинаа во Авеиро и Визеу, меѓу кои и пожарникари и цивили, објави цивилната одбрана на земјата.

    Португалската влада денеска прогласи вонредна состојба во областите најтешко погодени од пожарите, вклучително и областа Авеиро, јужно од Порто.

    Авеиро беше меѓу најтешко погодените области, додека, пак, неколку големи пожари зафатија и други шумски области.

    Политичарот Дуарте Коста во вторникот вечерта изјави дека специјализиран тим за итни случаи од 230 шпански војници ќе биде распореден во Визеу.

    Властите допрвин треба да соопштат податоци за материјалната штета и бројот на евакуирани.

    Португалскиот премиер Луис Монтенегро ги повика полициските инспектори да ги удвојат напорите за пронаоѓање на одговорните за подметнувањето на пожарите и вети помош за погодените.

    Останатите членки на Европската унија, Шпанија, Франција, Италија и Грција ангажираа по 2 канадери во Португалија, а помош во форма на 4 противпожарни авиони пристигна од Мароко. Шпанската армија, исто така, испраќа 240 војници и возила од своите итни противпожарни баталјони во Португалија.

    Властите мобилизираа повеќе од 5.000 пожарникари, а уништени се десетици куќи и илјадници хектари шума.

    Португалската национална гарда соопшти дека од саботата уапсила 7 лица осомничени за подметнување пожар во областите Леирија, Кастело Бранко, Порто и Брага.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img