Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 14 литри на квадратен метар наврна на Попова Шапка, 10 литри во Тетово и Маврови Анови, 8 во Крушево, 5 во Берово и Лазарополе, 4 во Охрид, 3 во Претор и Виница, 2 во Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија и Дебар, 1 литар наврна во Скопје Зајчев Рид, Битола, Куманово, Струмица, Велес, покажуават мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На планините на северозапад над околу 2000 метри надморска височина врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 километри на час). Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.