Во полиција го прашале дали Палевски имал љубовница

Lorita
By Lorita 10 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Адвокатот Васко Стојков сведочеше денеска како го однел со кола во Белград Љупчо Палевски, првообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

На прашањето од обвинителот каде бил на 30 ноември 2023 година тој рече:

– Бев дома утрото, а потоа заминав во Белград со Љупчо Палевски. Утрото околу 8.30 часот ми се јави Палевски, дали знам нотар што работи во четврток, кој беше неработен ден. Реков дека не знам. Ме викна во партија на кафе, таму ме чекаше Влатко Кешишев, ми рече Палчо не е тука, ајде да одиме кај него. Влезе во колата, тргнавме накај Аеродром, кон Фондот за пензиско, и таму влеговме во еден стан каде беше Палевски. Во станот беше уште едно лице кое не го познавам. Таму прво коментиравме околу самата зграда, па зборувавме зошто му е нотар. Рече дека сака да оди прво до Белград, а потоа до Турција на лекар, но дека нема кола за преку граница, дека нема полномошно од нотар да го вози надвор од граница возилото на партијата, а тоа беше комбе „фиат добло“. Му реков дека јас можам да го однесам.Тој објасни дека со Палевски се познава од 2016 година и дека ги запознал адвокатот Јовица Страшевски. Прво биле познаници, па почнале повеќе да се дружат и станале пријатели.

– Имавме релации и преку партијата, а и приватни. Палевски во одредено време имаше потреба од пари. Му се извршуваше нешто, требаше стан да му извршат, му позајмив пари, не се изврши станот, после тој го продаде и ми ги врати парите. За три години му позајмив 20.000 евра. Станот што требаше да му го извршат е во Аеродром од 72 квадрати, како и едно возило. Тој тоа време беше притвор во Белград. Јас, но и други му помагавме со рати да го исплатиме долгот, за извршителот да не го изврши. Имавме многу доверба еден во друг – рече Стојков.

– Што се договоривте дента во станот? – праша обвинителот.

– Се договоривме јас да го одвезам во Белград. Излеговме, отидовме до банкомат до „Бисер“, зедовме пари, се јавив дома, им кажав дека одам до Србија, отидов до дома на моите да им оставам пари, па отидовме на бензинска „Макпетрол“, пиевме кафе пола саат, купував евра – рече Стојков.

– Што ви рече Палевски, што е итно за на 30 ноември 2023 година да одат во Белград – праша обвинителот.

– Не рече дека е итно, туку дека има 10 дена слободни и дека сака да си го среди пробемот со кичмата. Првин да проба во Белград, а ако не успее, ќе мора да оди на операција во Турција. Зборувавме за седницата на Централниот комитет, рече дека ако не се врати, генералниот секретар ќе знае како да го одржи. Тој имаше проблеми со грбот, некогаш не можеше и да оди. И тука се лекуваше во болници. Рече дека сега лекувањето му зависи од тоа што ќе му кажат во Белград. Јас му реков дека штом е така, јас ќе го однесам во Белград – рече Стојков.

– Ви кажа ли дека оди кај конкретен доктор или болница? – праша обвинителот.

- Advertisement -
Ad image

– Не. Рече само да види што ќе направи, а ако не успее, ќе оди во Турција. Рече дека може да се врати до централниот комитет, кој требаше да се одржи во сабота, а можеби не – рече Стојков.

– Ви рече ли нешто друго? – праша обвинителот.

– Десна поднесе кривична пријава протов функционери за голем криминал, за Чебрен и Галиште. На 24 ноември 2023 година имавме договорено состанок и со еден енергетичар во Србија, разговаравме во колата и за тоа. Разговаравме и за тоа дали му е страв што објавува за банкари. Рече дека не знае дали му е страв, но деновиве низ градот секаде каде што се движел нон-стоп зад него одело велешко возило. По пат застанав и во Ниш, да се видам со пријатели. Во Белград се видов со еден Зоран, тој предложи во кој хотел да преспие Палевски, кој не е блиску до центарот. Во текот на патувањето Палевски ме замоли да му дадам лична карта за дел од пари да се префрлат на мое име, 1.500 евра преку брз трансфер на пари. После вечеравме во Белград, разговаравме со енергетичарот да ни гостува во поткаст. Во 20.30 часот го најдовме хотелот „Таш“, кој ни го препорача Зоран. Не знаевме дека хотелот почнува од 3 кат, на пултот побараа соба, даде пасош, се легитимира, го оставив, се поздравивме и околу 21.30 вечерта тргнав назад за Скопје. Стигнав околу 1 часот другиот ден, во петокот. Тој ми се јави, ми рече дека оди за Турција – рече Стојков.

- Advertisement -
Ad image

– Дали во тој ден Палевски контактираше со некој доктор во Белград? – праша обвинителот.

– Не. Палевски кога ми се јави од Белград, рече дека ќе преспие во Ниш пред да оди во Турција. Ме праша дали знам некој хотел во Ниш. После тоа, околу 19.30 ми се јави Џоле, ми вели „Васко, од Крвни деликти ја викнаа жена ми за возилото што го дадовме на партијата“. Отидов во партијата да видам што се случува. Таму беше Кешишев, тоа беше околу 21.30 вечерта во петокот. Пред партијата имаше и друго возило, претпоставувавме дека е на полицијата. Си отидов дома, а околу 3 часот ми се јави Кешишев, рече „Полиција дојде, ќе прават претрес, треба адвокат, ќе дојдеш ли?“. Кога стигнав во партијата, полицијата ми побара адвокатска легитимација за да ми го дадат налогот за претрес, им реков дека не носам. Ми рекоа да одам да земам. Ме прашаа кога последен пат со ова возило сум бил надвор од државата, им реков дека сум го носел Палевски во Белград. Ми рекоа да му се јавам, му ѕвонев, но Палевски не ми крена. Имаа налог за „цитроенот“ на Панче, како и за возилото „рено канго“. Во партијата беа Христијан Плотников, Кирил и Кешишев и бевме приведени во полициска станица. Тројцата ги задржаа 24 часа. Ми рекоа да дојдам сабајле. Утрото ми се јави Палчо, ми вели што си ми ѕвонел. Му реков дека се врши претрес во партијата. Тој се зачуди. Отидов во полиција, за да присуствувам на распитот на тројцата приведени. Во тој момент Палевски ми се јави, полицајците ми рекоа да го распрашам каде се движел. Палчо рече дека слушнал од медиумите дека се приведени лица од Десна. Рече дека веќе стигнал во Турција. Заврши распитот, си отидов дома во 17.30 часот. Ми се јави Љупчо. Го распрашував каде се движел на 27 ноември 2023 година. Рече дека бил во банка и до кај мајка му. Потоа отидов до полициска станица „Пролет“, другите беа пуштени веќе, но Кешишев сѐ уште не. Им реков дека Кешишев не можеме да го најдеме, а ни треба клуч за да ја отвориме партијата за да го шетаме кучето. Ми рекоа дека Кешишев бил пуштен, а потоа повторно приведен. Медиумите во тој момент почнаа да објавуваат за пет приведени лица за убиството на Вања, ние бевме во бунило. Вечерта се јави сопругата на Палевски, вели што е ова, има полиција, ќе вршат претрес. Во тој момент се јави Љупчо, вели што е ова. Му реков „Ти си осуден според медумите, ако не си учествувал во ништо од ова, спасот ти е да се вратиш“. Рече „Знаев дека ќе ме наместат, дека ме следат“. Инспекторот рече исклучи, јас исклучив, за да видат дали се гледа бројот од кој се јавил. После траеше мојот распит, им кажав сѐ – сведочеше адвокатот Стојков.

Палевски го праша Стојков:

– Што ти реков од Турција за тоа каде сум се движел во петокот? Дали бегав од државата? Какво бегање е кога првите три саати бевме во Скопје?

– Рече дека си бил во банка, па во Дебар Маало кај Аслан Вишко во „Радио Рим“, не бев сигурен дали дента си бил и во Глуво кај мајка ти, до партија… – рече Стојков.

– Полицијата ме праша дали Палевски има љубовница. Реков дека не знам. Потоа полицијата ми покажа слика од Зорица Ѓорчевска и ме праша дали оваа жена сум ја гледал со Палчо, реков „Не“ – рече Стојков.

Распитот на сведоци за убиството на Вања и на Панче продолжува во петок, на 15 ноември, кога се очекува да сведочи Гоце Трајковски, кој помогнал да се обезбедат снимките од камерите.

Share This Article