More

    Во оружена пресметка на двете групи ранети се тројца Бошњаци

    spot_img

    Четворица македонски државјани беа уапсени во саботата вечер во Виена по оружена пресметка со Бошњаци за жена, пренесуваат австриските медиуми.

    Татко (54) и неговите тројца синови (22, 25, 28), со потекло од Македонија, се уапсени по размена на оган со босански државјани во Флоридсдорф, Виена.

    Според тамошните медиуми Бошњаците притоа добиле прострелни ранети и биле пренесени во болница. Тие биле придружуван од Иранец, кој исто така бил повреден.

    Австриските медиуми објавија дека тројцата ранети Бошњаци се на возраст од 22, 26 и 27 години и оти станува збор за браќа или за блиски роднини. Сите повредени се надвор од животна опасност.

    Иако првично беше објавено дека се уапсени четворица државјани на Босна и Херцеговина, инцидентот доби поинаков тек откако полицијата подетално го истражи. Според првите резултати од истрагата, пукањето се случило по тепачка на улица поради долги расправии меѓу овие две семејства. Наводно, мотивот за пукањето е конфликт за жена, изјави портпаролот на полицијата Маркус Дитрих.

    Како што пренесуваат медиумите, за кавгата меѓу двете семејства се зборувало и порано на социјалните мрежи.

    Сторителите биле фатени во близина на местото на настанот само 90 минути по пукањето. Во големата потера учествуваа и австриските „кобри“. Осомничените побегнале со два автомобила, кои биле паркирани во близина на зградата во Флоридсдорф.

    – Ова овозможи да се добијат информации кои доведоа до локацијата на осомничените сторители – изјави полицискиот портпарол Дитрих.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img