More

    Во Нова Каледонија, насилни протести против француското проширување на избирачкото право

    spot_img

    Насилни протести избија во Нова Каледонија, која е под француска администрација, поради предлогот за измена на уставот за правото на глас. Новиот закон ќе им даде на илјадници француски гласачи право да гласаат на оваа француска прекуморска територија, што, според некои, дополнително ќе ја намали важноста на домородниот народ Канак.

    Насилни протести избувнаа во понеделникот на француската прекуморска територија Нова Каледонија во Пацификот од страна на поддржувачите на независноста на островот, кои се противат на планираните промени на уставот за право на глас на територијата. Демонстрантите се судрија со полицијата, која уапси 36 лица, јавуваат странските агенции.

    Насилството се случи пред денешната расправа во францускиот парламент за планираните измени на уставот, според кои на илјадници француски гласачи ќе им се даде право на глас на оваа прекуморска територија, пренесува германската новинска агенција dpa. Движењето за независност на Нова Каледонија верува дека проширувањето на избирачкото право особено ќе им користи на профранцуските политичари и дополнително ќе ја намали важноста на домородниот народ Канак.

    Протести и судири со безбедносните сили избувнаа главно во предградијата на главниот град на архипелагот Нумеа. Изгорени се неколку продавници и автомобили, се случил и грабеж. Училиштата и јавните служби ќе бидат затворени до понатамошно известување, а затворен е и меѓународниот аеродром.

    Според властите, во судирите се повредени неколку десетици полицајци, а 36 лица се уапсени. Високиот комесар на Нова Каледонија, Луј Ле Фран, побара од Париз засилување за одржување на јавниот ред и мир. Згора на тоа, властите денеска најавија ноќен полициски час и забрана за јавни собири.

    Нова Каледонија е важна за Париз како стратешка воена база и поради наоѓалиштата на никел таму. На три референдуми во 2018, 2020 и 2021 година, жителите гласаа архипелагот да остане дел од Франција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img