Во Нов Белград во текот на ноќта паднала бетонска тераса од 11.кат на зграда. Зградата се наоѓа на Булевар Михајло Пупин и е веднаш до улицата, до автобуската постојка. Преминот меѓу зградата и постојката е доста фреквентен, но за среќа нема повредени, пренесуваат српските медиуми.
На лице место се уште има шут од скршен бетон, а жителите од зградата се уште се во шок. Во станот во кој припаѓа урнатата тераса живеела сама повозрасна жена.
– Се урна оградата на терасата со жардиниерата. Се слушна голема детонација, а жителите на зградата беа преплашени. Веднаш повикавме инспекција, која излезе на терен и го огради просторот – соопшти управителот на згадата Душан Јањиќ за Republika.rs
Тој и додава и дека ќе се подигне трајно висока ограда за заштита на минувачите бидејќи било констатирано дека целата фасада е небезбедна.
Станарите велат дека годинава по втор пат паѓа тераса од таа зграда.
– Фасадата е направена пред 47 години како скелетен систем од монтажен тип и се е дотраено, истакнуваат станарите.
фото: принтскрин/Republika.rs