More

    Во ноќта на прославата, Колорадо го потресе трагедија: Легендата на Денвер почина

    spot_img

    Во ноќта кога цело Колорадо го слави историскиот успех на Денвер Нагетс и првата шампионска титула во историјата на оваа НБА франшиза, овој град и држава загубија една од најголемите спортски икони.

    Џим Тарнер, легендата на Денвер Бронкос и поранешен шампион во НФЛ со Њујорк Џетс, почина на 83-годишна возраст.

    Тарнер во кариерата играше за два тима, Њујорк Џетс и Денвер Бронкос на позицијата шутинг гард, а во двете постигна статус на легенда.

    Со Џетс, за кои играше од 1964 до 1970 година, го освои Суперболот во 1969 година, а потоа го носеше дресот на Денвер до 1979 година.

    Со Бронкос не успеа да стигне до Суперболот, откако во 12. издание на борбата за трофејот Винс Ломбарди подобри беа Далас Каубојс 27:10.

    Тарнер ќе остане познат и по својот неверојатен подвиг, бидејќи во кариерата одигра 228 последователни натпревари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img