Во несреќата загина фудбалски тренер (26), 11 момчиња се тешко повредени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Големата трагедија ги остави сите во Франција и низ Европа во шок откако се појави веста за сообраќајна несреќа со смртни последици.

Во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби тренерот на францускиот тим l’Avenir foot Lozère, 26-годишниот Антонин Елија.

Тренерот ги превезувал младинците на клубот со комбе на турнир кој требало да се игра следниот викенд, а во несреќата се повредени 11 деца.

Несреќата се случила откако комбето се судрило со автобус кој доаѓал од спротивната насока, по што излетало од патот.

Тренерот починал на местото на несреќата, додека со тешки повреди се здобиле играчите на клубот, поточно 13-годишните момчиња.

„Во шок сме, сите сме во жалост, целиот спорт. Добивме многу пораки за поддршка од нашите фудбалери, кошаркари и ракометари“, изјави претседателот на клубот Фабијан Бернар.

Претседателот имаше само пофални зборови за тренерот кој трагично го загуби животот.

„Тренерот е во клубот од 2020 година. Беше страствен и популарен, живееше за фудбалот. Нашите мисли се со неговото семејство. Најдобрата почит што можеме да му оддадеме е да се вратиме на теренот. На дресот носиме црна лента на следните натпревари. На натпреварите ќе има едноминутно молчење“.

Клубот е нормално популарен по својата работа во младинските категории, на сениорско ниво тие се во аматерскиот фудбал, но младите категории се друга приказна.

- Advertisement -
Ad image

Целта на клубот е токму развојот на младите играчи и добро им оди во овој проект.

Сигурно несреќата во клубот ги потресе сите и ќе им треба време за да се соземат од шокот.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article