Во Националнта опера и балет вечерва ќе биде изведено ремек – делото на Џузепе Верди, операта „Травијата“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Националнта опера и балет вечерва ќе биде изведено ремек – делото на Џузепе Верди, операта „Травијата“.

Партитурата на „Травијата“ изобилува со музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот, посочуваат од НОБ.

Диригент на претставите е Бисера Чадловска, режијата е на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, креирајќи моќна продукција чии главни атрибути се смелото сценско дејствие и визуелниот квалитет, сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија), а кореограф Саша Евтимова.

Настапува домашната солистичка екипа: Ана Дурловски, Благој Нацоски, Марјан Јованоски, Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски, Тихомир Јакимовски, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Операта ќе има изведба и на 31 октомври.

Share This Article