Во моментов има недостиг на медицински кадар на Инфективната клиника, а проценката е дека станува збор за околу 100 луѓе

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
SLOVENIJA, LJUBLJANA, 29.06.2007, 29. JUNIJ 2007 Medicinska sestra s kartoteko v prenovljenem zdravstvenem domu Ljubljana - Bezigrad. Zdravstvo, ambulante, medicina. Foto: Tina Kosec/BOBO
- Advertisement -
Ad image

Во моментов има недостиг на медицински кадар на Инфективната клиника, а проценката е дека станува збор за околу 100 луѓе. Исто така, 75 луѓе ќе се пензионираат во 2025 година во струмичката болница, изјави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Недостигот на кадарот се должи на разни фактори, некои се локални, но некои се резултат на глобален проблем низ целиот свет.

Клековски објасни дека Инфективната клиника изгубила многу вработени за време на пандемијата со ковид-19. Дел од вработените се пензионирале, а дел заминале.

Тој појасни дека во Македонија нема многу инфектолози бидејќи не постои интерес за таа струка, а повеќето сакаат да бидат кардиохирурзи или друг вид специјалисти. Клековски посочи дека дека е потребна поголема мотивација на персоналот и дека не станува збор само за бројот на работни места, туку и за желбата за работење на одредени работни позиции.

Но, не се намалува само бројот на лекари, туку и бројот на пациенти. Потребна е реорганизација на македонското здравство, додава тој, а и да се преиспита целиот концепт врз основа на кој функционира здравствениот систем.

– Мора да го преиспитаме целиот концепт. Прво, дали Брзата помош треба да функционира со лекари или со парамедици. Треба да преиспитаме колку и какви болници ќе имаме и каде, какви тимови бараме – потенцира Клековски.

Сега веќе нема кој да се вработува на многу од овие места и мора да направи целосна промена на здравствениот систем, од примарна до терциерна заштита, со примена на сите капацитети.

–  Зборувам и за јавни и приватни и да видиме во кој регион што ќе има – објасни директорот на Фондот за здравствено осигурување.

Регионализацијата на здравството може да биде решение

Сѐ поизвесно е дека ќе се намали бројот на јавно-здравствени установи, а ќе постои и спојување на Центрите за јавно здравје во државата. Регионализацијата е неизбежна бидејќи сегашната структура е резултат на систем кој бил замислен во минатото, но не функционира сега.

– Регионализацијата е неминовна и во повеќето помали центри ќе има поликлиники кои ќе бидат дневни амбуланти. Болнички капацитети ќе има само во неколку поголеми регионални центри. Тие центри ќе бидат екипирани со целиот кадар што е неопходен. Министерството за здравство, со поддршка на Европската Унија, изработува стратегија и мислам дека дел од решението вклучува затворање на некои капацитети, но не со отпуштање туку со спојување со друг капацитет – изјави Клековски.

- Advertisement -
Ad image

Поскапите лекови да се внесат на позитивната листа

Директорот на Фондот за здравствено осигурување говореше и за планот да се сменат лековите кои ќе влезат на позитивната листа.

Еден од проблемите, посочува тој, е дека се трошат многу пари за лекови кои се поевтини од 100 денари, а кои граѓаните можат да си ги дозволат и без поевтинување. Според него, многу подобро е Фондот да ги инвестира парите за внесување поскапи лекови на позитивната листа бидејќи нив граѓаните потешко можат да си ги дозволат.

– Евиденцијата на лековите на позитивната листа во аптеките од страна на ФЗОМ е кристално водена и прецизна, но нема никаква евиденција какво е трошењето на болничките лекови на позитивната листа. Скапата биолошка терапија добро се следи и таа е на условен буџет. Има работна група од сите институции што треба да договори да се поедностави начинот на следење и регистрација, за да се дојде до точни податоци кои и колку лекови се трошат во болниците – потенцираше Клековски.

- Advertisement -
Ad image

Не е само до буџетот, туку и до организацијата

На крајот на 2024 година Клекоски изрази задоволство што буџетот на Фондот за 2025 година е 800 милиони евра, односно тој е позитивен.

Еден од проблемите, кои ги посочи, е тоа што Министерството за здравство им должи пари на јавните здравствени установи во земјава, поради тоа што не им ги плаќало со години здравствените услуги од програмите кои делумно биле и популизам за привлекување на симпатијата на граѓаните.

– Проблемот со буџетот на некои болници не е финансиски, туку организациски. Многу од нив не го користат буџетот и го враќаат во ФЗОМ – вели Клековски.

Од условните буџети, што Фондот за здравство им ги дава на неколку болници што лекуваат критични пациенти, тие вратиле 300 милиони денари. Ова е поразително, објаснува Клековски, бидејќи од овој условен буџет се купуваат скапи биолошки терапии што не се искористени, а некои од болниците ги вратиле парите во буџетот на ФЗОМ.

Основниот проблем е дека ако повторно тие болници ги добијат финансиските средства, не се знае дали ќе ги искористат или повторно ќе ги вратат, што укажува на потреба од организациски промени, а не само финансиски.

Повеќе термини за операција на катаракта

ФЗОМ најавува дека во 2025 година наместо досегашните 8.000 термини, ќе има 11.000 термини за операција за катаракта во државните здравствени институции.

Ќе се зголеми капитацискиот бод во примарното здравство

Во врска со вработувањата за договор за дело, Клековски рече дека сите јавно здравствени установи имаат обврска да побараат од Министерството за здравство и до Министерството за финансии нови согласности за овие лица до 31 март 2025 година.

ФЗОМ со одлука ги продолжи важностите на сите договори на дело за уште 3 месеци за да се обезбеди оваа транзиција. Целта се 1.500 вработувања, појасни директорот на ФЗОМ.

Клековски информираше дека ќе има зголемување на капитацискиот бод за примарното здравство во кое освен матичните лекари спаѓаат и гинеколозите и стоматолозите кое го опиша како пристојно.

Тој потенцираше дека не станува збор само за поголеми плати, туку и за скратување на експлоатацијата на вработените. Клекоски посочи и дека треба да се воведе ограничување на дежурствата во насока на заштита на медицинскиот кадар, со цел да се намали експлоатацијата на работниот труд.

Поскапување на специјалистичкиот пакет за пациентите

Наскоро ќе поскапи основниот специјалистички пакет за пациентите, ама само за 10 или за 15 денари. Сега цената на основен специјалистички преглед е 380 денари, што укажува на тоа дека поскапувањето не е големо, а сепак треба да се почитува трудот на специјалистите, со оглед на тоа што истите прегледи чинат многу поскапо во приватните болници.

– Сите знаете колку чини специјалистички преглед во приватни здравствени установи. Разгледуваме неколку опции. Цената нема да порасне како во приватните болници, но зборуваме за соодветно валоризирање на трудот на специјалистите. Зголемувањето на партиципацијата може да биде за 10 или 15 денари, не радикално – рече Клековски.

Share This Article