More

    Во МКЦ концерт на групата КУР по повод роденденот

    spot_img

    В сабота на 25 мај, во Младинскиот културен центар ќе се одржи концерт по повод 25-годишнината од активната работа на рок групата Културно уметнички работници – К.У.Р.

    Јубилејот ќе биде одбележан и со публикување на новата плоча со наслов „25 мај“, која претставува концертен албум со „бест оф“ материјал на бендот, снимен во живо на 25 мај 2021 година во Кино Фросина во МКЦ.

    Тон-снимател на албумот е Ненад Трифуновски Трипе, миксот и мастерингот се на Дени Крстев од студиото „1060“, а издавачи се „Корпус деликти рекордс“ и „Кичма рекордс“.

    Kонцертот се реализира со поддршка на Министерството за култура.

    Во својата 25 годишна кариера, К.У.Р. имаат објавено шест студиски албуми, еден анплагд албум, а концертниот албум „25 Мај“ ќе биде нивно прво издание објавено и на плоча. Покрај тоа, сите изданија на бендот се дигитално објавени и може да се преземат од платформата Бендкамп, а може да се преслушуваат и на сите останати стриминг платформи. На концертот бендот ќе се претстави со двочасовен сет и репертоар од сите нивни изданија.

    Групата постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење во кафе барот „Браво“ помеѓу членовите на групите „Тотално опуштање“, „Ноу нејм нејшн“, „Бомбашки процес“, „Жолтица на бродот Баунти“ и „Рок агресори“. Членовите на овие групи решија заеднички, со здружени сили да придонесат за промовирање и ширење на рок културата во Македонија.

    Од 1999 година, кога е формирана, групата Културно уметнички работници има одржано голем број на самостојни концерти и има свирено на фестивали во Македонија и регионот, како што се: Аларма панк џез фестивал 2023, Софија; Таксират 2018; Д-Фестивал 2018; Док ен ритам 2017, Белград; Д-Фестивал 2015, Дојран; Вола опен ер 2013; Пиво ленд, Скопје, 2008, 2014, 2015, 2023; Аларма фанк џез фестивал 2009, Софија; Егзит фестивал2008, Нови Сад; Гитаријада 2005, Зајечар; Фјужн фестивал 2003, Преспа; Аларм фестивал 2002, Охрид; Рок фест 2000, Скопје; Таксират 1999, Skopje.

    Културно уметнички работници досега сцената ја делеле со бендови како: Kud Idijoti, Let 3, Elektricni Orgazam, Rambo Amadeus, Zabranjeno Pusenje, Riblja Corba, Darko Rundek…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img