More

    Откриени страшни детали од злосторството во Тузла

    spot_img

    Истрагата открива нови стравични детали за трагедијата во Тузла која го потресе регионот. Истражните тимови во станот во населбата Ступине во Тузлан денеска пронајдоа секира со која 37-годишниот Мујага Чичкушиќ  најверојатно ја убил својата сопруга 34-годишната Амела Чичкушиќ и две малолетни деца.

    Мујага Чичкушиќ работел како медицински техничар во Германија. Тој пред неколку дена пристигнал во Тузла.

    Според досегашните индиции до кои дошле истражителите, мажот ги убил сопругата и децата, а потоа излегол од станот во кој живееле, отишол во соседниот влез и скокнал од 14-ти кат.

    За се да биде уште пошокантно, таткото чудовиште детално го испланирал крвопролевањето. Според првите резултати од истрагата, секирата ја купил на пазар и го убил 2-годишното дете во креветчето, а потоа и 9-годишното дете во аголот од собата. Мајката Амела се обидела да го спречи и да ги заштити децата, но за жал не успеала.

    Според неофицијални информации, обвинителите и истражителите се сомневаат дека мотивот за грозоморното убиство би можела да биде љубомора. Засега оваа информација не е официјално потврдена.

    Амела Чичкушиќ, која беше убиена од сопругот Мујага заедно со двете малолетни деца, била една од омилените медицински сестри на УЦК Тузла меѓу колегите и пациентите.

    Сите вработени во УКЦ Тузла, граѓаните на Тузла, цела Босна и Херцеговина и регионот се во шок по страшното злосторство.

    Колегите на Амела се збогуваат со неа преку социјалните мрежи. За неа имаат само пофални зборови и благодарност за сè што направил, особено во тешките моменти на короната.

    – Тузла, УКЦ и сите што те познаваа изгубија многу, бескрајно многу. Ретки се ситуации во кои останувам без зборови. Но, сега  нека биде напишано дека си била чесна, вредна, сериозна, доверлива, хумана личност и совршена медицинска сестра. Една од најдобрите што ги знам. Ковид ги покажа вистинските лица на многумина од нас. Ќе те паметам по твојот брз чекор и јасни, паметни, убави црни очи. Ништо никогаш не остана недовршено. Никогаш не си ме изневерила, ниту мене, ниту пациентите. Можеби никогаш не доби формално признание и благодарност, но ти благодарам! Ти благодарам во мое име и во име на многу животи кои заедно ги одбранивме во тешки денови – напиша една од колешките на Амела во тузланската болница.

    Убиецот оставил неколку пораки на вратата од станот. Во една од нив, напишана со пенкало меѓу другото пишувало: „Да ви е…м фамилија, за сè сте вие виновни!“

    Засега не се знае на кого се однесува пораката. Наводно, таа била упатена до роднини од Германија кои му помогнале да најде работа во оваа земја. Во една од пораките тој наводно им „заблагодарил“ на поединци за помошта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img