Во мировниот процес мора да бидат вклучени и двете страни, посочи Шолц

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека Русија треба да биде вклучена во мировниот процес за Украина, јави ДПА.

– Точно е дека мирот во Украина не може да се постигне без вклучување на Русија, нагласи Шолц на мировната конференција во Швајцарија што се одржува денеска.

Во исто време тој ја повика Русија целосно да се повлече од делумно окупирана Украина.

– Русија би можела да ја заврши оваа војна денеска или во секое време, доколку ги запре нападите и ги повлече своите трупи од Украина – додаде Шолц.

Повеќе од две години по рускиот напад на Украина, самитот на Бургеншток, планински гребен над езерото Луцерн, има за цел да ги истражи начините за постигнување мир во Украина

Share This Article