Background

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), викендов истовремено се одржаа два многу важни настани за јавното здравство, Четвртиот конгрес на Македонското здружение за хематологија и шестиот Балкански ден на хематологијата организиран од Европската хематолошка асоцијација

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), викендов истовремено се одржаа два многу важни настани за јавното здравство, Четвртиот конгрес на Македонското здружение за хематологија и шестиот Балкански ден на хематологијата организиран од Европската хематолошка асоцијација.

Во МАНУ на едно место се собраа врвни експерти за хематологија од Македонија, Европа и САД.

Фото: Европски хематолошки конгрес во Македонија

Балканската експертска јавност покажа многу висок интерес за сите сесии кои беа внимателно осмислени за да ги третираат сите актуелни терапевтски достигнувања во справување со најтешките хематолошки болести.

- Advertisement -
Ad image

Организацијата на овој престижен хематолошки состанок токму во Скопје е резултат на долгогодишна соработка меѓу Македонското здружение на хематолози, Европската хематолошка асоцијација (EHA) и националните хематолошки здруженија од балканските земји.

Македонските хематолози и во оваа прилика потврдија дека се во чекор со најновите терапевтски научни достигнувања и дека во ниту еден сегмент не заостануваат зад светските експерти во оваа многу значајна медицинска област.

Фото: Европски хематолошки конгрес во Македонија

Настанот официјално го отворија академик Димитар Ефремов и проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис. Во своите обраќања, тие го истакнаа значењето на регионалната и меѓународната соработка за напредокот на медицинската наука и подобрување на грижата за пациентите.

Академикот Еремов, при воведното обраќање ги поздрави присутните во името на МАНУ и истакна дека е горд што академијата е домаќин на овој значаен научен собир кој за него има особено значење, бидејки гостите се негови долгогодишни соработници во унапредувањето на научните достигнувања во областа на лимфопролиферативни болести.

Фото: Европски хематолошки конгрес во Македонија

– Ова е првпат да сме домаќини на ваков настан, кој се совпаѓа со Четвртиот конгрес на Македонското здружение за хематологија со меѓународно учество. Програмата беше фокусирана на најновите достигнувања и современи клинички практики поврзани со лимфопролиферативни нарушувања. Неверојатно е чувството да пишуваме историја за македонската хематолошка наука, знаејќи дека секој наш чекор води кон подобар третман и лекување на пациентите – изјави проф. д-р Пановска-Ставридис, искажувајќи благодарност до колегите од Италија, Велика Британија, Германија и целиот Балкан.

Програмата на конгресот опфати предавања за современите терапии кај лимфомите, хроничната лимфоцитна леукемија, мултиплиот миелом и други хематолошки малигнитети, како и сесии посветени на најновите генетски истражувања и иновативни пристапи во третманот на крвните заболувања. Особено внимание беше посветено на детска хематологија и на улогата на невладиниот сектор во застапување на пациентите.

Фото: Европски хематолошки конгрес во Македонија

Конгресот понуди вредни научни новости, но и создаде можности за вмрежување, идни партнерства и продлабочување на соработката меѓу медицинската заедница во региот.

Свој значаен придонес за организирање на Конгресот имаа и фармацевтските компании кои уште еднаш покажаа висок степен на општествена и корпоративна одговорност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation