Во Македонија има околу 70 компании во кои има руски капитал

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Македонија има околу 70 компании во кои има руски капитал, покажуваат податоците од платформата бизнисмрежа.мк.

Најпознати, секако се Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје, Друштвото за трговија со нафти и нафтени деривати „Лукоил“ и Друштвото за производство и трговија „Бучим“ кое во своја сопственост го има рудникот за бакар. Но, покрај нив, тука се и многу други фирми, и речиси сите се микро и мали компании.

Анализата на податоците што ја направи порталот „Пари“ покажува во компаниите со руско потекло на капиталот, има околу 1.250 вработени и тие во 2020 година (за 2021 година се уште нема податоци) направиле вкупен приход од над 210 милиони евра. Секако, за тоа се најзаслужни трите најпознати руски компании во државава – „ТЕ-ТО“, „Лукоил“ и „Бучим“. Од другите фирми,со над 1 милион евра приход се 3 компании, а со приходи под 3 милиони денари  (под 48.780 евра) се дури 50-тина фирми. Анализата покажа и дека 49 компании имаат управител кој е руски државјанин, а на дел од овие компании матичната компанија која е „надлежна“ за компанијата – ќерка во Македонија, не е регистрирана во Русија.

Share This Article