Во мај годинава се издадени 317 одобренија за градење, што е за 1,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.311.942.000 денари, што е за 23,4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 137 (43,2%) се наменети за објекти од високоградба, 119 (37,5 %) за објекти од нискоградба и 61 (19,3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 317 објекти, на 142 (44,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 175 (55,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 675 станови, со вкупна корисна површина од 54. 646 метри квадратни.