More

    Во Лондон маж повреди мајка и две деца во напад со корозивна материја

    spot_img

    Напад со киселина се случил синоќа во областа Клапам во јужниот дел на Лондон, јавуваат британските медиуми. Според досега собраните информации, непознато лице наводно со корозивна материја повредил мајка и нејзините две деца, а меѓу повредените има и тројца полицајци и три лица кои дошле да им помогнат на повредените.

    Според британскиот портал SkyNews, напад со каустична супстанца или киселина се случил во областа Клапам, која се наоѓа во јужниот дел на Лондон. Инцидентот се случил околу 19 часот и 30 минути, а очевидци јавуваат дека се работи за семејна расправија.

    Како што подоцна соопшти локалната полиција, мажот нападнал тројца патници во автомобилот. Очевидци велат и дека мажот бил насилен и кон децата. „Видов човек кој извлече девојка од автомобилот и двапати ја удри силно. Слушнав и крик на жена која повикува на помош“, изјави неименуван очевидец за SkyNews.

    Според неговите зборови, тој го гонел напаѓачот, но не го фатил. Потоа се вратил на местото на настанот каде им пружил помош на жената и децата. Тој рече дека донел шише со вода од куќата и ја истурил на лицето на жената, бидејќи таа тврди дека мажот ја полил со непозната материја. Очевидецот рекол и дека жената имала црни усни, а кожата изгледала изгорено.

    Според локалната полиција, тројца полицајци кои пристигнале на местото на настанот морале да побараат лекарска помош, бидејќи се здобиле со полесни повреди. Мајката и нејзиното дете биле пренесени во трауматолошкиот центар, а болничка помош морале да побараат и тројца локални жители кои дошле на помош на нападнатиот. Според нив, почувствувале „печење“ на кожата и при дишењето.

    Засега надлежните служби се уште утврдуваат која супстанца е употребена во нападот, а полицијата се уште трага по напаѓачот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img