More

    Во Куманово приведени две лица по распишани потерници

    spot_img

    Полициски службеници од СВР Куманово вчера (27.06.2023) и денеска (28.06.2023) лишиле од слобода две лица, за кои биле распишани потерници и ги спровеле во казнено-поправните установи.
    Имено, вчера во 10.00 часот, врз основа на судска наредба од Основен суд Гостивар, бил лишен од слобода З.С.(70) од Куманово. Тој се барал со потерница за издржување на мерка притвор, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по член 247 ст.4 в.в ст.4 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје.
    Денеска, пак, во 08.30 часот, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, полициските службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Х.(60) од с. Сопот, кумановско. Тој се барал со потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img