Кина вчера го пријави својот најголем број случаи на коронавирус во послед ните шест месеци, еден ден откако здравствените власти соопштија дека продолжуваат да се придржуваат до строгите ограничувања за коронавирус.
Кина евидентираше 4.610 нови случаи, од кои 588 се симптоматски, а 4.022 се асимптоматски, соопштија кинеските здравствени власти.
Ова е најголем број заразени од 6 мај. Во петокот новите случаи биле 3.837, од кои 657 биле симптоматски.
Иако бројот на нови случаи е исклучително низок според глобалните стандарди, Кина веќе три години цврсто го следи својот пристап „нулта ковид” политика, кој вклучува заклучување, карантин, чести тестирања и драстично намалување на домашните патувања.
На вчерашната прес-конференција, претставниците на здравствените власти ја потврдија својата решеност за „динамично чистење” на случаите на ковид.
Мерките за борба против ковид во Кина се „апсолутно најправилни, а исто така и најекономични и најефикасни”, рече Ху Сијанг, службеник на здравствениот орган кој се занимава со контрола на болеста.
0 Кина мора да продолжи да се придржува до принципот на ставање на луѓето и нивните животи на прво место, како и на поширока стратегија за спречување на увоз на случаи и појава на домашни жаришта – рече Ху.