Лионел Меси е прогласен за играч на Мундијалот во Катар, откако двапати постигна гол во финалето за Аргентина против Франција.
Нему му беше доделена и сребрената копачка како втор стрелец во натпреварувањето откако постигна седум гола. Осум гола постигна Килијан Мбапе.
Неговите достигнувања сега ќе бидат овековечени, а просторот на Универзитетот во Катар каде престојуваше Меси ќе биде претворен во „мал музеј“.
Тоа треба да им овозможи на љубителите на фудбалот да видат како Меси го поминувал своето време помеѓу натпреварите на Светското првенство.