More

    Во Калифорнија се множат возилата без возач

    spot_img

    Калифорниските власти и дадоа дозвола на компанијата „Вајмо“ да ги прошири услугите на својата флота „робот-такси“ без возачи во Лос Анџелес и градовите на полуостровот јужно од Сан Франциско.

    Вајмо, во сопственост на Гугл, Alphabet Inc., исто така, управува со услугата во Феникс од 2020 година, а вчера доби дозвола од Комисијата за јавни комунални услуги во Калифорнија да ги прошири операциите на самоуправувачки такси надвор од Сан Франциско.

    Автомобилите на компанијата станаа доста вообичаени на улиците на Сан Франциско, иако не се универзално популарни, а познато е дека ненадејно застануваат, што го отежнува сообраќајот.

    Калифорниските власти ја одзедоа лиценцата за услугата „роботакси“ на конкурентскиот Џенерал Моторс, откако ги прогласија за „опасни“ автомобилите без возачи што ги превезуваа патниците низ Сан Франциско. „Роботакси“ на фирмата „Круз“ со која управува Г.М. прегазил пешак во кој удрило друго возило управувано од маж. „Роботаксито“ застанало, а потоа се блокирало, па морало да биде подигнато за да се ослободи повредениот кој лежел под задното тркало.

    Официјални лица во округот Сан Матео и Лос Анџелес се спротивставија на проширувањето и сакаат повеќе локални информации за тоа како може да функционира роботаксијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img