More

    Во Каиро се договара примирје во Газа

    spot_img

    Израел воглавном „повеќе или помалку“ го прифати договорот за прекин на огнот во Газа, ставајќи ја топката на „дворот на Хамас“, рече американски официјален претставник, додека САД почнаа да фрлаат хуманитарна помош во Газа.

    Висок функционер на Хамас денеска изјавил дека прекин на огнот во Појасот Газа е можен во следните 24 до 48 часа, доколку Израел ги прифати барањата на палестинската исламистичка организација, пренесе Бета.

    – Ако Израел се согласи со барањата на Хамас, кои вклучуваат враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа и зголемување на хуманитарната помош, тоа би можело да го отвори патот за договор (за прекин на огнот) во следните 24 до 48 часа – изјави официјален претставник кој сакал да остане анонимен.

    Во Каиро денеска треба да се преговара за примирје. Во главниот град на Египет се очекува да пристигнат делегации од Израел и Хамас со цел да се постигне заемно прифатлива формула за прекин на огнот во Газа.

    Висок американски функционер вчера рече дека постои рамковен договор за шестнеделна пауза со израелска согласност и оти сега зависи од тоа Хамас ќе се согласи да ги ослободи заложниците што ги држи во Газа од почетокот на војната на 7 октомври минатата година.

    – Патот до прекин на огнот сега, буквално во овој час, е директен. И има договор на маса. Постои рамка за договорот. Израелците повеќе или помалку го прифатија –  рече претставникот, додавајќи дека сега зависи од Хамас.

    Се верува дека во Газа се држат 130 заложници од околу 250 киднапирани во нападите на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел, но не сите се живи.

    Околу 100 од нив беа ослободени за време на седумдневното примирје на крајот на ноември.

    Вчера, САД го извршија првото пуштање во воздух на пакетот Гази користејќи три авиони Ц-130. Белата куќа соопшти дека воздушните префрлувања ќе продолжат и дека Израел ги поддржува тие акции. Три американски воени авиони фрлија пакети со повеќе од 38.000 оброци во саботата попладне по локално време во Газа, во соработка со Јордан, објави американската команда за Блискиот Исток (Центком).

    Во петокот Бајден ја спомена и „можноста за поморски коридор за транспорт на големи количини помош“. Но, тие две опции – испорака на воздух и поморска испорака „не можат да го заменат влезот на помош колку што е можно по копнени патишта“, предупреди висок американски функционер во саботата.

    Во екот на предизборната кампања во САД, претседателот Бајден, кој се кандидира за втор мандат, е под притисок на левото крило на неговата партија и муслиманската заедница поради неговата поддршка за Израел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img