Во Јужна Дакота температурата падна на -24 степени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Екстремно ниски температури прследени со снежна бура ги зафатија централните делови на САД, посебно во државите Ајова и Минесота. Сите поважни автопатишта се покриени делумно или целосно со снег. Замрзнатиот дожд предизвика бројни сообраќајни несреќи.

Во Јужна Дакота се измерени температури од -24 Целзиусови степени. Додека во сојузната држава Мејн ветерот достигнал брзина од преку 150 километри на час.
Поради снежната бура има застој и во авиосообраќајот, откажани се над 1600 летови, а илјадници летови доцнат.

Силна бура со обилни врнежи од дожд во североисточните делови од САД вчера остави стотици илјади луѓе без привремено без снабдување со струја.

Share This Article